spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗШВ: Трипуновски - Охридското езеро се става во функција

МЗШВ: Трипуновски – Охридското езеро се става во функција

„Денеска сум во посета на Охрид и Струга, целта на мојата посета е средба со риболовните здруженија и риболовците од овој крај. Да ги запознаам со новата риболовна основа која што ја донесовме“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.

„Новата риболовна основа предвидува седум риболовни зони за комерцијален излов на риба и една рекреативна зона на ниво на цело Охридско езеро“, појасни министерот Трипуновски.

Тој додаде дека ова е уште едно во низата на исполнети ветувања кои што ги има дадено во предизборниот период. 

Министерот посочи дека целото езеро се става во функција, со што се заштитува и рибниот фонд.

Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Прочитајте