spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЕП: ЗМЕП Трајков - Жените имаат моќна улога во создавањето позитивни промени

МЕП: ЗМЕП Трајков – Жените имаат моќна улога во создавањето позитивни промени

Заменик министерката за европски прашања, доцент д-р Викторија Трајков се сретна со претставници на канцеларијата на UN Women Весна Ивановиќ Кастареде, раководителка на канцеларијата на UN Women во нашата земја.

На средбата се дискутираше за важноста на родовата еднаквост и улогата на жените во општеството, како и за можностите за унапредување на соработката помеѓу институциите и UN Women во насока на подобрување на правата и економските можности на жените во Северна Македонија. 

Трајков ја истакна важноста на поддршката на UN Women во спроведување на политиките за родова рамноправност и изрази подготвеност за понатамошно продлабочување на соработката.

„Родовата еднаквост е основа за силно и стабилно општество. Само преку еднакви можности, можеме да изградиме посилна и поуспешна Северна Македонија. Жените имаат моќна улога во создавањето позитивни промени, но неопходни се соодветни механизми и поддршка за нивно целосно учество,“ истакна доцент д-р Трајков.

Во текот на разговорот се отворија и можности за идни проекти и иницијативи, кои ќе се фокусираат на економско зајакнување на жените, поддршка за женското претприемништво и подобрување на законодавните и институционалните капацитети во насока на заштита на женските права.

Извор: Министерство за европски прашања

Прочитајте