spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЕП: МЕП Муртезани го потпиша барањето за претфинансирање на средствата од Реформската...

МЕП: МЕП Муртезани го потпиша барањето за претфинансирање на средствата од Реформската агенда

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, по овластувањето на Седницата на Владата на Република Северна Македонија го потпиша барањето за претфинансирање од 7% во рамките на Реформската Агенда на земјата. Со испраќањето на ова барање во износ од 52,5 милиони евра, Северна Македонија станува првата земја во регионот која ги презема сите неопходни чекори за претфинансирање во рамките на новиот европски финансиски механизам.

Европската Унија предвидува седум проценти од вкупните средства од Планот за раст на Европската комисија за сите партнери од Западен Балкан, по усвојувањето на нивните Реформски агенди, обезбедувајќи ги средствата како претфинансирање. Оваа финансиска програма, со вредност од шест милијарди евра, ги опфаќа годините 2024-2027 и има за цел двојно да го зголеми економскиот раст на регионот во наредните десет години.

Министерството за европски прашања останува посветено на ефикасното искористување на достапните средства за поддршка на европските интеграции и економскиот развој на земјата.

Извор: Министерство за европски прашања

Прочитајте