Остварив конструктивна средба со директорот на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, г-дин Илија Стоилев.
Разговаравме за јавниот повик кој е во тек, за финансиска поддршка од ИПАРД Програмата 2021-2027 за мерка Диверзификација на фарми и развој на бизнис, со 60% поврат од вредноста на вкупно прифатливите трошоци.
Процентот се зголемува до 70% за инвестиции предложени од млади земјоделци или сертифицирани органски производители и за колективни инвестиции.
Процентот на кофинансирање може да се зголеми за дополнителни 10% за инвестиции поврзани со управување со отпад, обновлива енергија и инвестиции од типот на циркуларна економија
Платежната агенција има исклучителна улога во поддршка на бизнис секторот со храна, во насока на достигнување на стандардите за безбедност на храна на Европската Унија.
Извор: Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој