spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕЗаев од Европа признава само европско знаменце на законот за марихуана за...

Заев од Европа признава само европско знаменце на законот за марихуана за неговата фабрика

Соопштение до јавноста, реакција на интервјуто на Зоран Заев дадено за српски весник „Политика“

Село гори, баба се чешла.

Македонија гори поради неспособноста на Заев, а тој дава интервјуа по регионални медиуми.

Зоран Заев во регионот покажа дека откако тој е на власт не постои систем за заштита. Додека целиот регион праќаше пожарни и ресурси за справување со пожарите, Заев ги остави на цедило граѓаните.

Зоран Заев е најголемиот лажов, тој без срам ги излажа граѓаните. Им ветуваше европска Македонија, сега нуди мини шенген Македонија. Членството во големото европско семејство на држави нема алтернатива во една регионална соработка, која патем не е целосна.

Заев ветуваше пред да дојде на власт на граѓаните бесплатно здравство од Европската Унија, а се сведе на попуст на кафе и преспивање во Србија и Албанија. Тоа граѓаните не го очекуваа од Зоран Заев.

Европската Унија поради криминалите, корупцијата и лагите на Заев станува се подалечна. Македонија со Заев е најлоша во Европа во борбата против корупцијата и ја има најкорумпираната влада во Европа.

Наместо конкретни унапредувања на системот, Заев става европски знамиња на закони како тој за марихуана со цел да си обезбеди бенефит на семејниот бизнис. Заев од Европа признава само европско знаменце на законот за марихуана за неговата фабрика.

Од власта на Заев и СДСМ веќе никој не бара одговори, од нив јавноста бара одговорност!

Извор: ВМРО ДПМНЕ

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...