spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕМакедонија пепелосува, Скопје гори, а Шилегов одмара на хрватските плажи

Македонија пепелосува, Скопје гори, а Шилегов одмара на хрватските плажи

Почитувани,

Петре Шилегов е на одмор, додека Скопје секојдневно пламнува. После неколкуте големи пожари во околината на Скопје, вчера гореше центарот на градот.

Пред само неколку дена голем пожар во ОХИС предизвика страв и паника кај граѓаните, но Шилегов е на одмор.

Македонија, пепелосува, Скопје гори, а Шилегов одмара!

Човекот кој себеси си се нарекува градски татко, не е ништо повеќе од градски очув за Скопје.

Шилегов продолжува со несериозното однесување.

Пожарникарите оние на кои им се закануваше и ги нарекуваше лесно заменливи паѓаат од умор, но Шилегов мора да одмори.

Шилегов е тука кога со пари на скопјани треба да си снима предизборни видео клипови, за да се промовира, но го нема никаде сред кризна состојба, среде најголеми пожари во Македонија, во ек на 20тина пожари дневно во Скопје.

Шилегов е само дел од свитата на СДСМ која што е целосно незаинтересирана за ништо друго, освен за личните интереси и лукративни бизнис.

Нема полошо за Скопје од Шилегов. Нема полошо за Македонија од СДСМ.

 

Извор: ВМРО ДПМНЕ 

Прочитајте

МЛС: Перински – Владата продолжува да се фокусира на граѓаните и...

0
„Владата покажа дека локалната самоуправа ја препознава како еден од најважните столбови во државното уредување. Дадовме ветување дека ќе се насочиме кон поддршка на...