spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗШВ: Исплатени се 61.219.350,00 денари кон 811 лица за мерката Органско производство...

МЗШВ: Исплатени се 61.219.350,00 денари кон 811 лица за мерката Органско производство за 2023 година

Земјоделците нема да останат заборавени, исплатата на заостанати субвенции продолжува.

Денеска се изврши исплата кон 811 лица со вкупен износ 61.219.350,00 денари за мерката Органско производство за 2023 година.

Корисници на оваа мерка се земјоделските стопанства кои пријавиле сертифицирано растително и сточарско производство и производство во преод согласно Законот за органско земјоделско производство или пак имаат земјоделски површини кои се наменети за зелено ѓубрење или угар во плодоред кој е во функција на органското производство.

Корисници на оваа мерка се и земјоделските стопанства/откупувачи и трговци запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи кои имаат произведено преработки од примарни земјоделски органски производи или производи во преод од домашно потекло или имаат извршено доработка и пакување на самоникнати видови со органско потекло и истите ги имаат продадено или пак вршат трговија или маркетинг на свежи и преработени органски производи и органски производи во преод од домашно потекло.

Земјоделците се во сигурни раце!

Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Прочитајте

Велес: Општината ќе добие ново Јавно Осветлување

0
Општина Велес ќе добие ново јавно осветлување. Старите светилки ќе бидат заменети со нови паметни лед светилки. Македонски Телеком е носител на договорот за...