spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Повик за стипендии за додипломски, магистерски, интегрирани магистерски студии (one-tier master...

МОН: Повик за стипендии за додипломски, магистерски, интегрирани магистерски студии (one-tier master – OTM) и докторски студии на државните универзитети во Унгарија за академската 2025/2026 година

Програмата Стипендиум Хунгарикум (Stpendium Hungaricum) за академската 2025/2026 година за кандидати од Република Северна Македонија доделува вкупно 20 стипендии:

– 7 стипендии за целосни додипломски (BA/BSc) студии, во областите: земјоделски науки, општествени науки, економски науки, технички науки, природни науки, политички науки и јавно управување;

– 7 стипендии за целосни магистерски студии (MA/MSc), исто така во горенаведените области;

– 2 стипендии за интегрирани магистерски студии (one-tier master – OTM) во областа на: медицински и здравствени науки;

– 4 стипендии за целосни докторски студии (PhD/DLA) во било која област;

– делумни студии за сите нивоа и области на студии како што се наведени погоре

Доколку студиите се изведуваат на некој странски јазик, потребно е кандидатите да го познаваат тој јазик на ниво кое го бара институцијата домаќин (универзитетот).

Доколку студиите се изведуваат на унгарски јазик, прифатените студенти за време на првата година на студии треба задолжително да посетуваат курс за унгарски јазик, кој го нуди универзитетот каде ќе студираат и мора да го положат испитот на крајот на вториот семестар.

Сите подетални информации за начинот, критериумите и потребните документи за аплицирање, како и листата на студиски програми на државните унгарски универзитети и текстот на повикот за аплицирање (Call for application 2025-2026) може да се најдат на следната веб-страница: https://stipendiumhungaricum.hu/

Контакт е-маил адреса: stipendiumhugaricum@tpf.hu

Начин на аплицирање:

Аплицирањето се врши исклучиво по електронски пат на следната веб-страница: https://apply.stipendiumhungaricum.hu/

Упатството за аплицирање на кандидатите може да се преземе од следната веб-страница: https://stipendiumhungaricum.hu/apply/#timeline

Оnline системот за поднесување на потребните документи ќе биде отворен до 15 јануари 2025 година, до 14:00 часот (централно европско време).

Документи кои се доставуваат до Министерството за образование и наука:

– изјава (преземи)

– кандидатите може да достават документ за предвидени завршни оценки (доколку имаат);

– кандидатите може да достават документ за освоено прво, второ или трето место на национален или меѓународен натпревар во областа за која аплицираат за стипендија (доколку имаат);

– кандидатите за стипендиите за докторски студии може да достават документ за учество во објавени научни трудови (доколку имаат);

– кандидатите може да достават референци (писма за препорака) од соодветната област за која аплицираат (доколку имаат);

– доколку имаат диплома од странство, да достават документ за извршена еквиваленција и нострификација на истата (може да се достави дополнително доколку сеуште учат/студираат);

– документ за положена државна матура (може да се достави дополнително);

– Учениците и студентите на државните средни училишта и универзитети ќе имаат предност во рангирањето од страна на Министерството за образование и наука.

– Кандидатите нема да бидат рангирани ако доставената документација е некомплетна.

Изјавите и документацијата, скенирани во PDF формат, најдоцна до 15 јануари 2025 година треба да бидат доставени на следнава e-mail адреса: stipendiumhungaricum@mon.gov.mk

Контакт лице: Александар Тутновски тел. 076 485 053

Извор: Министерство за образование и наука

Прочитајте

АФПЗРР: Соопштение за исплата на органско производство за 2023 година

0
 Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата кон 811 лица со вкупен износ 61.219.350,00 денари за мерката Органско производство за 2023 година. Корисници...