Почитувани,
Со цел ефикасно и рационално спроведување на постапката за селекција за вработување на административен службеник и доследно применување на Законот за административни службеници и Законот за заштита на личните податоци, Агенцијата за администрација Ве известува за следното:
Барањето за објавување на јавен оглас за пополнување на слободно работно место во институциите на јавниот сектор, потребно е да содржи:
1.Податоци за институцијата која го поднесува барањето (назив и датум на поднесување на барањето);
2.Податоци за работните места кои треба да се објават (за секое различно работно место од огласот: реден број, шифра, назив, организациона единица (одделение/сектор) во која е утврдено работното место, број на извршители, потребен степен и вид на образование, потребно работно искуство, потребни општи работни компетенции, посебни работни компетенции (активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски), активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и други посебни работни компетенции од актот за систематизација), дополнителни услови доколку се бараат, почеток и завршеток на дневното и неделното работно време и распоред на работното време, паричен нето износ на збирот од делот на плата за степен на образование и делот на плата за ниво);
3.Номинација на членови на Комисијата за селекција за вработување по јавен оглас и нивни заменици од институцијата согласно член 37 од Законот за административни службеници;
4.Податоци за членовите на Комисијата за селекција за вработување по јавен оглас и нивните заменици од институцијата согласно член 2 став (2) алинеја 3 од Уредбата за спроведување на постапката за вработување на административни службеници (име и презиме, звање/назив на работно место, организациона единица во која се вработени, електронска адреса и број на мобилен телефон);
5.Електронска адреса и телефон од секретарот, односно раководното лице на институцијата каде што нема назначен секретар;
6.Податоци за распределбата на бројот на огласени работни места по припадност на заедница за секое работно место посебно;
7.Потпис на секретарот, односно раководното лице на институцијата во која не се назначува секретар;
8.Назнака во кои три дневни весници да биде објавен огласот (еден од весниците што се издаваат на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик);
9.Рок за пријавување на јавниот оглас кој не може да биде пократок од 15 дена, односно подолг од 20 дена од денот на неговото објавување во дневните весници;
10.Известување за реализирани вработувања во тековната година и постапки за вработување кои се во тек согласно Годишен план за вработување за тековната година (и измените на Годишниот план доколку ги има) – да се наведат сите реализирани вработувања на институцијата во тековната година по припадност на заедница и постапки кои се во тек по припадност на заедница.
Кон Барањето за објавување на јавен оглас задолжително се приложува:
– Фотокопија од Годишен план за вработување на институцијата за тековната година, верна на оригиналот со прилог балансер;
– Позитивно мислење на Годишниот план за вработување издадено од Министерството за информатичко општество и администрација;
– Фотокопија од Правилник за систематизација на работните места во институцијата (основни и завршни одредби од Правилникот), верна на оригиналот;
– Писмена согласност на Правилникот за систематизација на работните места во институцијата издадена од Министерство за информатичко општество и администрација;
– Фотокопија од описот на работното место кое се огласува од Правилникот за систематизација на работните места, верна на оригиналот;
– Фотокопии од сите Измени и дополнувања на Правилникот за систематизација кои се однесуваат на работното место кое се огласува, доколку ги има, верни на оригиналот и Писмена согласност на истите издадена од Министерство за информатичко општество и администрација;
– Известување за обезбедени финансиски средства за тековната година од Министерството за финансии, односно од органот надлежен за издавање на финансиска согласност за пополнување на работни места во институцијата;
– Потпишани изјави за обезбедување на тајност и заштита на обработката на личните податоци од страна на членовите на Комисијата за селекција за вработување;
– Решенија за овластување за вршење на обработка на личните податоци на членовите на Комисијата потпишани од страна на раководното лице на институцијата каде се вработени.
Извор: Агенција за Администрација