spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАХВ: Неконтролираната употреба на антибиотици е мултисекторски проблем

АХВ: Неконтролираната употреба на антибиотици е мултисекторски проблем

“Рационалната и контролираната употреба на антимикробните средства е прашање од исклучителна важност за сите нас, почнувајќи од примарното земјоделско произвоводство. Водењето сметка за употребата на пестицидите, на ветеринарно -медицинските препарати, вклучително и на антибиотиците во ветеринарната медицина, како и нивната примена во хуманата медицина се прашања кон кои попосветено треба да се посветиме и во идниот период. Следејќи ги насоките на светските и европските надлежни институции посветени на борбата за справување со последиците од антимикробната отпорност, Агенцијата за храна и ветеринарство ја поддржува глобалната иницијатива за одбележување на Светската недела за свесноста за рационална употреба на антибиотиците која годинава се одбележува под мотото “Едуцирај. Застапувај. Дејствувај сега”. Мултисекторски е проблемот кој го носи неконтролираната  употреба на антимикробни средства и кој покрај здравјето на  луѓето и животните негативно се рефлектира и на животната средина. Затоа, како одговорна институција, остануваме посветени на заедничкиот пристап во справувањето со овој проблем, кој во современиот свет, за жал, веќе зазема епидемиски размери”.  Ова го истакна директорот на Агенција за храна и ветеринарство д-р Оливер Миланов на денешната панел дискусијата, која во Организација на Министерството за здравство, со поддршка на Светската здравствена организација, се одржа во рамки на одбележувањето на Неделата на свесност за АМР. 

Вклученоста на нашите институции и државата во активностите на реномираните европски и светски институции и организации за заштита на здравјето на луѓето, животните и животната средина и посветеноста на прашањето за антимикробната резистенстност,  истакна Миланов е уште една потврда дека сме на вистинскиот пат како држава кога е во прашање борбата за справување со антимикробната отпорност, што и за Европската комисија е еден од врвните приоритети и основа за остварување на зацртаната цел – да се намали употребата на антимикробни средства за 20% до 2030 година. 

-Исклучително активно сме како институција и на меѓународен план, преку соработка со Мултисекторската комисија за контрола на антимикробната отпорност при Министерството за здравство и учеството во телата на Кодекс алиментариус (Codex Alimentarius), Светска здравствена организација и Европската Агенција за безбедност на храната (EFSA). Ја спроведуваме Програмата за антимикробна отпорност и Годишниот план за мониторинг на антимикробна отпорност, а добиените резултати јавно се објавуваат. Дополнително тие се доставуваат и до Европската Агенција за безбедност на храна. Токму тие се дел од Националните извештаи за движењето на зоонозите и антимикробната отпорност за секоја година поединечно – додаде Миланов. 

Програмата за антимикробна отпорност, објасни тој, е усогласена со европската легислатива и заснована е на најновите научни мислења во оваа област. Постоечките законски и подзаконски акти во оваа област се усогласени со европските и  обезбедуваат висок степен на заштита на здравјето на граѓаните преку обезбедување на безбедна храна. 

-Одобрувањето, прометот и употреба на ветеринарно медицинските препарати се базира на стриктно дефинирани законски процедури, а спроведувањето на мониторинг на антимикробната отпорност се дел од активностите кои се реализираат во рамки на Националната стратегија за борба против антимикробна отпорност – потенцира директорот Миланов.

3

На панел дискусијата д-р Аким Али, Специјален претставник на Светската здравствена организација (СЗО) и шеф на Канцеларијата на СЗО  во Северна Македонија кој со Директорот на АХВ д-р Оливер Миланов оствари неформална средба на која стана збор за важноста за следење на антимикробната отпорност во ветеринарството, од аспект на заштита на здравјето на животните и на луѓето. 

4

На панел дискусијата, претставници од Фондот за здравствено осигурување на РСМ, Здружението на матичните лекари на РСМ, институтите за јавно здравје и за микробиологија и паразитологија, од Агенцијата за храна и ветеринарство и Министерството за животна средина и  разменети беа информации за следењето на потрошувачката на  антибиотиците, улогата на матичните лекари за рационално користење на антибиотиците, важноста од рационалната употреба на антимикробни средства, активностите на АХВ во поглед на антимикробната отпорност кај животните и храната од животинско потекло, како и на позицијата на животната средина и концептот Едно здравје.

Извор: Агенција за храна и ветеринарство

Прочитајте

Мицкоски: Историска голема исплата за субвенции за земјоделците е направена, како...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање, за колку пари станува збор и колку луѓе се опфатени...