Во пресрет на Балканското првенство во атлетика, кое годинава за првпат ќе се одржи во Битола, градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска, денес имаше средба со претседателката на Атлетската федерација на Република Северна Македонија, Александра Војнеска Зикова.
На средбата се разговараше за активностите кои ќе следуваат за организација на Балканското Атлетско првенство во склоп на градската атлетска трка „Трчај бе“, како и поддршката која ја овозможува локалната самоуправа за успешна организација на овој настан. На атлетското првенство кое е планирано за 12 септември, најавено е учество на 21 држава членка на Балканската федерација.
На денешната средба, од страна на Зикова, беше иницирана идејата за изградба на атлетска патека, за што градоначалничката Петровска, изрази поддршка, најавувајќи дека во следниот период ќе бидат разгледани можностите за реализација на овој предлог, со цел создавање услови за поголемо поттикнување на спортскиот дух кај младите и воопшто понатамошен напредок на спортот во градот.
Извор: Општина Битола