spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЈА: Минчев - Ковачевиќ: Потпишан Меморандум за унапредување и продлабочување на соработката...

МЈА: Минчев – Ковачевиќ: Потпишан Меморандум за унапредување и продлабочување на соработката меѓу двете земји

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, и министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Република Србија, Јелена Жариќ Ковачевиќ, потпишаа Меморандум за соработка во областа на реформата на јавната администрација денеска во Скопје, со цел унапредување и продлабочување на соработката меѓу двете земји.

Меморандумот предвидува заемно охрабрување, олеснување и вклучување во соработка, размена на експертиза во областа на реформите во јавната администрација, вклучително и развој на политики, стратегии и регулативи од областа на управувањето со човечки ресурси во јавната администрација, овозможување стручно оспособување, обука за управување со квалитет во јавната администрација, понатамошен развој на информацискиот систем за управување со човечки ресурси, воспоставување иновативни алатки во јавната администрација, како и взаемно учество и партнерство во проекти.

Министерот Горан Минчев ја истакна важноста на овој меморандум, нагласувајќи дека истиот претставува значаен чекор напред во регионалната соработка: 

„Потпишувањето на овој меморандум претставува одраз на заедничката посветеност на модернизацијата на јавната администрација и поддршката на реформите како двигател за економски и општествен напредок. Верувам дека оваа соработка ќе ни овозможи споделување на најдобрите практики и изнаоѓање иновативни решенија за предизвиците со кои се соочуваме во јавниот сектор.“ – посочи Минчев.

Изразувајќи го своето задоволство од потпишаниот договор, министерката Жариќ Ковачевиќ изјави дека Меморандумот е основа за зближување и зајакнување на двете администрации и се очекува истиот да овозможи побрз и поинтензивен развој на јавната администрација на двете земји.

„На овој начин, Република Србија и Република Македонија ја поттикнуваат модернизацијата и ја продлабочуваат соработката во клучните области на реформата на јавната администрација. Регионалната соработка и размената на добри практики се клучни за зајакнување на нашиот најважен ресурс, човечкиот капитал, како и за подобрување на европската интеграција,“ – истакна Жариќ Ковачевиќ.

Потсетуваме дека за време на средбата на министерот Минчев со министерката Жариќ Ковачевиќ, на маргините на конференцијата на Регионалното училиште за јавна администрација (ReSPA), одржана во Љубљана во октомври годинава, беа разгледани можностите за соработка на двете министерства во области од заемен интерес, што резултираше со потпишување на овој меморандум за соработка.

Извор: Влада

Прочитајте

Кисела Вода: Ѓорѓиевски – Благодарение на Владата на Македонија, мега проектот...

0
Општина Кисела Вода ќе добие 600.000 евра, за реализација на капиталниот проект за изградба на водовод во Каменик-Стаклара, кој жителите го чекаат половина век....