spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Информативна средба за проектот за унапредување на интегрираното управување со природните...

МЖСПП: Информативна средба за проектот за унапредување на интегрираното управување со природните ресурси и одржлив развој во Дримскиот басен

Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска оствари работна средба со претставникот на Глобалното партнерство за води (Global Water Partnership – Mediterranean (GWP-Med)), Димитрис Фалутсос , кој информираше за проектот  „Имплементација на  Стратешкиот Акционен План за басенот на реката Дрим за зајакнување на прекуграничната соработка и овозможување на управувањето со природните ресурси” (ГЕФ ДРИМ 2). 

1

Вкупната вредност на проектот изнесува 7.105.936 американски долари, а главна цел е унапредување на интегрираното управување со природните ресурси и одржлив развој во басенот на реката Дрим  преку поддршка на спроведувањето на Стратешкиот акцион план договорен помеѓу земјите од Басенот (потпишан април 2022 година).

Заменик министерката Лашкоска истакна дека  во целост ја поддржува реализацијата на овој проект, чии активности ќе започнат наредната година, а предвидено е да трае до 2029 година.

Финансиер на Проектот е Глобалниот Еколошки Фонд (ГЕФ), имлементациона агенција е УНДП, а спроведувач е Global Water Partnership – Mediterranean.

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

Прочитајте