spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМФ: Јанкуловски на состанокот на Советот за регионална соработка – Делиме исти...

МФ: Јанкуловски на состанокот на Советот за регионална соработка – Делиме исти предизвици, соработката е клучна во нивно надминување

Заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски учествува на 6-тиот состанок на Комитетот за Стратегијата за ЈИЕ 2030 на Советот за регионална соработка, иницијатива во рамки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа, којшто се одржува во Белград, Србија.

Јанкуловски истакна дека Република Македонија, во насока на спроведување на Стратегијата за Југоисточна Европа 2030, се фокусира на неколку клучни области за справување со регионалните предизвици и постигнување на Целите за одржлив развој (SDGs). Воедно, ова се и области на кои новата Влада се фокусира и во домашните стратешки документи, а истовремено се поставени како клучни точки и во Националната развојна стратегија за наредниот 20-годишен период, којашто е усвоена, а е изработена во соработка со УНДП.

„Меѓу клучните точки на коишто се фокусираме во постигнување на Целите за одржлив развој е економскиот раст – постигнување повисоки стапки на економски раст поткрепени со инвестиции. Како Влада го сменивме концептот на кој се заснова економскиот раст и тој се темели на еден значаен инвестициски циклус кој само наредната година ќе изнесува околу 1 милијарда евра, средства кои ќе се реализираат во јавни и приватни инвестиции. Дополнително, со подобрување на бизнис-климата очекуваме и поголем прилив на странски директни инвестиции. Значајна улога во поддршката на забрзаниот економски раст има и инфраструктурата и затоа фокусот е на нејзино подобрување“, рече заменик-министерот Јанкуловски кој додаде дека се работи и на предизвиците во областа на образованието, животната средина, здравствената заштита и сл.

Според него, станува збор за предизвици со коио се соочуваат поголемиот дел од земјите во развој и дека соработката игра значајна улога во нивно надминување.

„Целта на сите земји од регионот, особено од Западен Балкан, како земји во развој, е преку делување во овие области да ја намалиме сиромаштијата и нееднаквоста, да ја подобриме социјалната вклученост, да ја забрзаме зелената и дигиталната транзиција, односно да напрвиме побрза транзиција во сите полиња и на тој начин да се доближиме до развиениот свет во Европа. И токму во таа насока регионалната соработка има клучна улога, затоа што заедно можеме да постигнеме многу повеќе и многу побрзо“, истакна Јанкуловски.

Заменик-министерот за финансии е национален координатор на активностите во рамки на Советот за регионална соработка. На состанокот во Белград учествуваат претставници од Албанија, Хрватска, Романија, Турција, Босна и Херцеговина, Грција, Црна Гора, Словенија, Бугарија, Косово и Србија.

Извор: Министерство за финансии

Прочитајте

Бутел: Магична ФУДБАЛСКА вечер

0
НОВОГОДИШЕН ТУРНИР ВО ФУДБАЛ ПОД ПОКРОВИТЕЛСТВО НА ОПШТИНА БУТЕЛ Општина Бутел ја продолжи традицијата и оваа година,со задоволство беше покровител на четвртиот новогодишен турнир во...