Редовната исплата кон земјоделците продолжува.
Денес се реализираше исплатата на дополнителната државна помош од 20% за носители на земјоделски стопанства кои се регистрирани вршители на земјоделска дејност согласно законот за вршење на земјоделска дејност или регистрирани како индивидуални земјоделци согласно законот за пензиското и инвалидското осигурување.
Со поддршка од 166.704.501,00 денари се опфатени 3.509 регистрирани земјоделци.
Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство