Во тек се градежните активности за реконструкција на две детски игралишта на територијата на Општина Центар.
Во населбата Водно на улица „Партение Зографски“ и во дворот на објектот „Бели Мугри“, клон на градинката „Кочо Рацин“, целосно ќе се реконструираат постојните игралишта и ќе се постават нови реквизити на вкупна површина од 270 квадратни метри.
Минатата недела Општината ги реконструира детските игралишта во општинските основни училишта „Јохан Хајнрих Песталоци“ и „11 Октомри“, каде што се поставени нови гумирани подлоги и нови реквизити, а просторот дополнително ќе се уреди со ниско зеленило и ќе се постави нова урбана опрема.
Со планираните општински средства во износ од 10 милиони денари во наредниот период ќе се реконструира детското игралиште зад Универзална сала, а ќе се санираат и детските игралишта на плочникот зад поранешна „Агромеханика“, игралиштето зад ТЦ Зебра, детското игралиште во населбата Пролет и во паркот Капиштец.
Извор: Општина Центар