spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАХВ: Отпповикување на небезбедни производи крем за готвење и бази за сладоледи

АХВ: Отпповикување на небезбедни производи крем за готвење и бази за сладоледи

Како контакт точка на Системот за брзо предупредување за храна и храна за исхрана на животни (РАССФ) на Европската унија, Агенцијата за храна и ветеринарство постапи по добиената нотификација со број 2021.3720  за увоз на небезбедни производи во земјава и спроведе инспекциска контрола кај двајца увозници на кремови за готвење и бази за сладоледи од Струга и Струмица.

При инспекциската контрола кај опереатиорот со храна Гајрет ДООЕЛ од село Лабуништа, утврдено е дека увезениот производ од Италија, (крем за готвење)  BRAVO CREAM CUSIMA MK L 0,2X24, со лот  број 21089, кој е посочен во РАССФ нотификацијата, не е безбеден поради присуство на етилен оксид. Во магацинот на увозникот затекната е количина од 1 440 парчиња од овој производ со лот 21169 со рок на употреба 13.06.2022 година, а не е пронајден истиот производ со лот број 21089 наведен во нотификацијата. На овој оператор со храна наложено му е да изврши отповикување/повлекување од пазарот на посочените производи.

До потрошувачите апелираме доколку го набавиле небезбедниот производ со наведениот сериски број/лот и рок на употреба, истиот да не го консумираат, односно да го вратат од таму од каде што го купиле или нештетно да го отстранат.

Врз основа на истата РАССФ нотификација, инспекциска контрола спроведена е и кај операторот со храна ДПТУ Агрома од Струмица кому поради утврдено присуство на етилен оксид  во неколку производи увезени од Италија, наредено му е да изврши отпповикување/повлекување на производите наведени во нотификацијата. Со онтролата утврдено е дека производите биле делумно продадени на познати оператори, делумно се  складирани во магацин во Скопје (AI7YOS ГОЛД 50- млечна база за сладолед -120 килограми и AI70XE АИМАРА ТУТО КАКО – база за сладолед 63 килограми).

 

Отповикувањето/повлекувањето за овој оператор се однесува на следниве производи:

 1.AI7YOS ГОЛД 50- млечна база за сладолед 
Сериски број/лот 21140
Датум на производство 20.05.2021
Датум на употреба 04.05.2024

 

2. AI70XE АИМАРА ТУТО КАКО – база за сладолед 
Сериски број/лот 21088
Датум на производство 29.03.2021
Датум на употреба 13.03.2024

 

3. AV23AA МАСТЕР ГОУРМЕТ ГОЛД – растителен крем 
Сериски број/лот 21070
Датум на производство 11.03.2021
Датум на употреба 06.03.2022

 

4. AV20IQ МАСТЕР ГОУРМЕТ-ШЕФ 
Сериски број/лот 21084 и 21089
    Сериски број/лот 21084:
Датум на производство 25.03.2021
Датум на употреба 20.03.2022
    Сериски број/лот 21089:
Датум на производство 30.03.2021
Датум на употреба 25.03.2022

Извор: Агенција за храна и ветеринарство 

Прочитајте

Карпош: Две образовни институции се збратимија со основното училиште „Драго Миловиќ“...

0
Градоначалниците на збратимените општини Карпош и Тиват, Стевчо Јакимовски и Жељко Комненовиќ, вчера потпишаа меморандум за соработка во областа на образованието. Станува збор за...