Добар ден и од мене, секогаш кога ќе биде човек дел од ваков еден убав почеток се разбира дека не може да го скрие задоволството.
Би сакал да изразам пофални зборови, исклучително пофални зборови за работата на градоначалникот овде во општина Карбинци, советниците, Советот, администрацијата кои што ја подржуваат неговата работа, се разбира Министерството за социјална политика, демографија и млади кое што еве е дел од овој проект.
Со ова драматично ќе се подобрат во позитивна смисла условите за децата но и родителите нормално ќе можат да бидат спокојни бидејќи нивните дечиња ќе бидат згрижени. Капацитетот е колку што слушнавме околу 50тина дечиња, нешто што претставува додадена вредност овде во ова населено место во општина Карбинци.
И убеден сум дека и понатаму ќе продолжиме со реализација на проекти иако и досега овдека имаме навистина фуриозна имплементација на програмата којашто од страната на градоначалникот беше ветувана за време на локалните избори во 2021 година.
Имаме нови проекти кои што ќе бидат финансирани од страна на Владата. Сега во јануари, февруари ќе се распишува и новиот повик за новите проекти, општина Карбинци од тоа што го дознав од градоначалникот ќе учествува со такви проекти, така што навистина можам да кажам дека се движат напред работите.
Ќе треба можеби време, но мислам дека веќе постепено но сигурно надежта се враќа и како држава Македонија го добива она место кое што го заслужува.
Извор: Влада