spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТ: Турција останува значаен трговски партнер на Македонија

МТ: Турција останува значаен трговски партнер на Македонија

Заменик на претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски оствари работна средба со амбасадорот на Турција, Фатих Улусој. 

На средбата беа потврдени добрите билатерални односи меѓу Македонија и Труција кои традиционалнo се пријателски и се значајни за двата народи. 

Исто така на средбата се разговараше и за актуелните состојби меѓу двете земји, традиционалното пријателство меѓу државите и силната соработка.

Вицепремиерот Николоски истакна дека Турција е значаен трговски партнер на Македонија и во таа насока Владата во континуитет работи на унапредување на условите за инвестирање во земјата.  

На средбата се разговараше и за инвестиционата програма на Владата во делот на капиталните проекти, а се отвори и прашањето за унапредување на соработката во делот на транспортниот сектор.

Вицепремиерот и министер за транспорт Николоски изрази благодарност за досегашната подршка што ја овозможува Труција и ја нагласи потребата од интензивирање на меѓусебната соработка во дејностите од заеднички интерес за двете земји.

Извор: Министерство за транспорт

Прочитајте

МЖСПП: Состанок со АДКОМ за проблемот со побарувањата на ЈКП

0
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска присуствуваше на состанокот со Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ на кој...