spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМФ: Димитриеска-Кочоска - Приходите во Буџетот се зголемуваат како резултат на борбата...

МФ: Димитриеска-Кочоска – Приходите во Буџетот се зголемуваат како резултат на борбата со сивата економија

Приходите во Буџетот се прибираат согласно утврдените прописи, а зголемувањето се должи на мерките за борба со корупцијата и криминалот, односно сивата економија. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, одговорајќи на пратеничко прашање на денешната собраниска седница.

„Прибирањето на приходите во Буџетот е познато. Познато е како се наплаќаат даноците од даночните обврзници, како се уплаќаат придонесите и на кој начин се распределуваат. Евидентираното зголемување е резултат на нашата отворена борба со сивата економија“, истакна министерката за финансии.

Според неа, се постапува согласно законските прописи и на приходната и на расходната страна и се преземаат мерки за заштита на буџетските средства. Во таа насока е и земениот кредит од Унгарија со кој се исплатени 70 илјади евра провизија за првиот заем и треба да се платат 50 илјади евра за вториот заем, во споредба со провизиите што се плаќаа претходно, а кои изнесуваа и над 1 милион евра. Исто така, посочи дека буџетскиот дефицит се намалува и се работи на фискална консолидација.

За капиталните расходи рече дека тие во Буџетот ќе бидaт прикажани во реален износ, врз основа на реализација, и дека до крајот на годината ќе биде транспарентно соопштена и реализацијата на капиталните проекти што се спроведуваат преку општините.

„Средствата во износ од 10 милијарди денари беа планирани со ребалансот на Буџетот со цел да се исполнат услови за објавување повик, бидејќи услов за објавување повик за реализација на проект е средствата да бидат обезбедени и планирани во Буџетот. За таа цел беа планирани 10 милијарди денари, повикот се објави и до крајот на годината некои од проектите ќе бидат завршени и за нив ќе има исплати“, потенцира Димитриеска-Кочоска и додаде дека за наредната година се планирани 250 милиони евра за општински проекти.

Таа додаде дека се работи на утврдување на причините зошто реализацијата на капитални инвестиции е на незадоволително ниво, односно дека се работи на многу предмети во надлежни институции во однос на одредени проекти.

Министерката истакна дека законските прописи треба да се почитуваат и потенцира дека во 2025 година се очекува висока реализација на капитални расходи.

Извор: Министерство за финансии

Прочитајте

МЖСПП: Состанок со АДКОМ за проблемот со побарувањата на ЈКП

0
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска присуствуваше на состанокот со Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ на кој...