spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗШВ: Трипуновски - Тутунопроизводителите се задоволни од согласно постигнатата цена, досега се...

МЗШВ: Трипуновски – Тутунопроизводителите се задоволни од согласно постигнатата цена, досега се откупени 13 милиони килограми тутун со просечна цена од 399,88 денари

„Согласно моите ветувања и мојот принцип на работа, денеска сум повторно во посета на Прилеп, при што посетив неколку компании кои што откупуваат тутун од реколтата2024 година“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.

„Заедно со мене се пратениците од прилепскиот регион, Претседателот на Сојузот на тутунари. Дојдов тука лично видам како тече откупот на тутун и да поразговарам со земјоделците“, појасни министерот.

Тој додаде дека тутунопроизводителите се задоволни од согласно постигнатата цена, а тоа е 400-тини денари за првата класа и дополнителни 20 денари субвенција за првата класа и тоа достигнува вкупна сума од 500-тини денари.

„Согласно податоците кои што ги добив од Земјоделскиот инспекторат до вчерашниот ден се откупени 13 милиони килограми тутун со просечна цена од 399,88 денари. И истиот се исплаќа со тековна динамика односно досега согласно податоците исплатено е околу 78% кон тутунопроизводителите“, заклучи министерот Трипуновски.

Министерот посочи дека со оваа динамика за многу бргу од денеска ќе заврши откупот на тутун.

„Ова е уште еден показател дека власта, Премиерот, Министерството се сериозни и посветени во делот да се врати македонското производство на пиедесталот“, истакна министерот Трипуновски.

Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Прочитајте

МЖСПП: Состанок со АДКОМ за проблемот со побарувањата на ЈКП

0
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска присуствуваше на состанокот со Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ на кој...