spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗШВ: Исплатени се 264.241.663 денари субвенции за растително производство и 416.722.200 денари...

МЗШВ: Исплатени се 264.241.663 денари субвенции за растително производство и 416.722.200 денари субвенции за сточарско производство

Денеска се исплатени средства за финансиска поддршка кон земјоделците за тековната 2024 година.

Се изврши вкупна исплата на износ од 264.241.663,00 денари субвенции за растително производство од Програмата за финансиска поддршка за земјоделството за 2024 година кон 22.141 земјоделци. За мерката 1.8 Директни плаќања по обработливa земјоделска површина за одржување на постоечки овошни насади се исплатени 118.186.903,00 денари кон 8.729 корисници.

Исто така, денес исплатени се и средства на износ од 146.054.760,00 денари кон 13.412 корисници за мерка 1.11 Директни плаќања по обработливa земјоделска површина за одржување на постоечки лозови насади.

Дополнително е извршена исплата на директни плаќања за сточарско производство од Програмата за финансиска поддршка за земјоделството за 2024 година.

Се исплатија 416.722.200,00 денари субвенции за сточарско производство од Програмата за финансиска поддршка за земјоделството за 2024 година кон 8.680 земјоделци и тоа за:

-мерка 2.1 Директни плаќања за обележани женски грла говеда постари од 12 месеци. Висината на директните плаќања е 4.000 денари по грло. За оваа мерка исплатени се 201.532.000 денари кон 6.189 корисници.

-мерка 2.8 Директни плаќања за обележани женски грла овци постари од 12 месеци. Висината на директните плаќања е 600 денари по грло. За оваа мерка исплатени се 182.692.200 денари кон 2.058 корисници.

-мерка 2.10 Директни плаќања за обележани женски грла кози постари од 12 месеци. Висината на директните плаќања е 2.000 денари по грло. За оваа мерка исплатени се 32.498.000 денари кон 433 корисници.

Грижата за нашите земјоделци продолжува и понатаму.

Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Прочитајте