spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМФ: Исплатена еврообврзницата во износ од 500 милиони евра издадена во 2018...

МФ: Исплатена еврообврзницата во износ од 500 милиони евра издадена во 2018 година

Министерството за финансии денес ја исплати еврообврзницата во износ од 500 милиони евра издадена во 2018 година.

„Денеска во целост ја исплативме еврообврзницата на износ од 500 милиони евра, издадена во 2018 година, а која доспеа за исплата на 18 јануари 2025 година. Со цел да се обезбедат средства по најниски трошоци за исплата на оваа еврообврзница, беше потпишан Договор за заем со Унгарската експорт-импорт банка. Условите под кои ги добивме средствата направија заштеди во Буџетот по основ на камати и по основ на провизии. Ќе продолжиме со политиките на редовно и навремено сервисирање на обврските и обезбедување средства по најповолни услови“, рече министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска и додаде дека 2025 година ја започнуваме со ликвидни и стабилни јавни финансии, кои ќе овозможат редовно и навремено сервисирање на обврските.

Средствата за сервисирање на оваа обврска  беа обезбедени преку заем од Унгарската експорт-импорт банка по поволни услови, со камата од 3,25%, рок на отплата 15 години и вклучен грејс период од 3 години.

Земјата досега има издадено девет еврообврзници, од кои шест се веќе исплатени, а во наредните години доспеаваат за отплата уште три еврообврзници издадени во 2020, 2021 и 2023 година во вкупен износ од 1,9 милијарди евра.

Извор: Министерство за финансии

Прочитајте

МСПДМ: Градинката „Рилиндја“ во Тетово официјално отворена, подготвена да згрижи 165...

0
Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, Амбасадорот на ЕУ во Република Северна Македонија, Михалис Рокас и Градоначалникот на Општина Тетово, Билал...