HomeВладаМицкоски: Следната недела ќе се сретнам со Синдикатот на УПОЗ и ќе...

Мицкоски: Следната недела ќе се сретнам со Синдикатот на УПОЗ и ќе разговараме за нивните барања

spot_img
spot_img

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање информираше дека на почетокот од следната недела ќе се сретне со Синдикатот на УПОЗ, за да разговараат за нивните барања, потенцирајќи дека само така ќе се дојде до решение коешто ќе биде успешно.

„Ние често пати зборувавме дека начинот којшто го одбраа синдикалците, не е начин за да се реализираат барањата, и да се надминат сите овие работи. Апсолутно следната недела на почетокот ќе се сретнам, нормално во зависност од расположливото време нивно. Јас денеска од овој настан ќе појдам во Владата, имам од два часот редовни состаноци, да го видам како е распоредот, ќе им предложиме два-три термина, нека изберат еден. Ќе се сретнеме, ќе разговараме, ќе ги анализираме заедно работите, меѓу другото се подготвува и состанок на Економско-социјалниот совет, ќе можеме и таму да разговараме. Така што само со разговор се решаваат работите. Само со разговор можеме да дојдеме до решение коешто ќе биде успешно“, изјави премиерот Мискоски.

Извор: Влада

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте