Успешно е завршен проектот за „Имплементација на здравствената стратегија 2021-2030“. Проектот опфати шест компоненти, кои се усогласени и со програмата на Владата. Препораките ќе помогнат во развојот на психијатриски услуги за деца и адолесценти, со што обезбедуваме инклузивен пристап до здравствената заштита.
Направена е проценка на потребите за општа болница во Скопје и основа за реорганизација на болничкиот систем, што е клучен чекор кон одржливоста на здравствениот систем.
Исто така, добивме препораки за развој на рамка за палијативна нега, со што се потврдува заложбата за хуманизација на здравствениот систем и поддршка на пациентите.
Финансиската евалуација ќе придонесе кон создавање одржлив систем достапен за сите, во согласност со заложбата за транспарентно управување со јавните ресурси.
Проектот овозможи и проценка на годишните јавно здравствени програми, што ќе придонесе за подобро искористување на ресурсите и исполнување на приоритетите за превентивна грижа.
Денешниот настан е почеток на ново поглавје во нашите напори за подобрување на здравствената заштита, истакна во своето воведно обраќање министерот Таравари.
Благодарност до експертите, здравствените работници и сите што придонесоа за успехот на проектот. Заедно создаваме похуман и поефикасен здравствен систем.
Посебна благодарност до Делегацијата на ЕУ за нивната поддршка, која е од непроценливо значење за унапредувањето на здравствениот систем и европските вредности.
Извор: Министерство за здравство