spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКисела Вода: Се врши енергетска обнова на градинката Сончоглед

Кисела Вода: Се врши енергетска обнова на градинката Сончоглед

Течат градежните активности за енергетска обнова на градинката “Весели Цветови”, објект “Сончоглед” во општина Кисела Вода. Се работи за замена на фасадата со нова, термоенергетска, со што, дечињата кои тука го поминуваат работниот ден ќе добијат подобрени услови.

Средствата за реализација на овој проект во висина од преку 4 милиони денари,  се донација од Цементарница Усје АД Скопје, обезбедена преку Секторот за локален економски развој на Општина Кисела Вода. Паралелно, веќе тече тендерската постапка за избор на изведувач за замена на надворешните и на внатрешните прозорци и врати во овој објект.

Овие средства, пак, се добиени од Владата на Република Северна Македонија, преку Програмата за намалување на аерозагадувањето за 2021 година. Се работи за износ во висина од 1. 781.552, 00 денари.

Инаку, објектот “Сончоглед” е лоциран на улицата “Локов” во населбата Кисела Вода. Истиот датира од 1974 година.

Извор: Општина Кисела Вода

Прочитајте

МЖСПП: Меџити дел од 22-от министерски совет на Енергетската заедница

0
Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити учествува на 22от Министерски совет на Енергетската заедница, што...