spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМФ: Потпишани се договорите со Развојната банка за пласман на 250-те милиони...

МФ: Потпишани се договорите со Развојната банка за пласман на 250-те милиони евра за приватниот сектор

Се заокружи постапката за пласман на 250-те милиони евра од унгарскиот заем кон компаниите. Договорите коишто ги одобри Владата на последната владина седница, се веќе потпишани од страна на Министерството за финансии и Развојната банка на Северна Македонија и во тек е постапката за потпишување на договорите на Развојна банка со деловните банки преку кои ќе се пласираат средстватa кон крајните корисници, односно компаниите.

Станува збор за 250 милиони евра кои ги обезбеди Владата за поддршка на приватниот сектор, а кои ќе се пласираат кон крајните корисници по исклучително поволни услови. Односно рок на отплата до 15 години, вклучен грејс период до 3 години, камата од само 1,95%, и без надоместок за одобрување и управување.

Средствата, согласно усвоените услови од страна на Владата и потпишаните договори, може да се користат за основни средства од страна на сите компании во сите сектори со исклучок на секторот производство или трговија на алкохолни пријалоци, освен на пиво и вино, производство или трговија со тутун,  како и дејности поврзани со коцкање, казина и еквивалентни претпријатија. Исто така, средствата нема да можат да се користат за рефинансирање на претходни заеми.

Со ова се покренува инвестициски циклус во приватниот сектор од над 250 милиони евра имајќи предвид дека корисниците на кредитите треба да учествуваат со 20% сопствени средства во реализација на инвестицијата. Средствата од страна на банките ќе се одобруваат и исплаќаат врз основа на доставена документација, во тарнспарентна постапка, која ќе овозможи и соодветна контрола на искористувањето на средствата.

Целта на Владата со оваа мерка е да се поддржат што е можно повеќе инвестиции кои ќе придонесат кон забрзување на економскиот раст.

Извор: Министерство за Финансии

Прочитајте

МСПДМ: Лимани во посета на Демир Хисар – Секој граѓанин е...

0
Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани беше во посета на неколку институции во Општина Демир Хисар. Посетата започна со донација на хуманитарни...