spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМицкоски: Националната развојна стратегија претставува највисок обединувачки, развоен и визионерски документ за...

Мицкоски: Националната развојна стратегија претставува највисок обединувачки, развоен и визионерски документ за следните 20 години

Почитувани членови на Управниот одбор на Националната развојна стратегија,

Почитувани амбасадори,

Почитувани претставници на донаторската заедница,

Почитувани колеги,

Почитувани гости,

Добредојдовте на првиот состанок на Управниот одбор на Националната развојна стратегија во проширен состав. Управниот одбор со Работниот комитет е помошно тело на Националниот совет за развој, кој како постојано советодавно тело функционира во Владата. Тие ја претставуваат управувачката структура на Националната развојна стратегија.

Управниот одбор обезбедува стратешка и партнерска соработка на Советот со меѓународната заедница, меѓународните финансиски институции и со донаторите.

Заедно со членовите на Управниот одбор, односно Министерката за финансии и Генералниот секретар, одлучивме првиот состанок да го организираме во проширен состав со ваше присуство како партнери и наши поддржувачи на реформскиот пат кон Европската Унија и градење на демократско, просперитетно и економски силно општество на успешни и среќни луѓе.

Секако за ваква координација клучно е Министерството за европски прашања, па оттука нашите заеднички заложби и заеднички напори се за координирано дејствување што ќе обезбеди поддршка кон забрзано спроведување на Националната развојна стратегија.

Ова не е само документ, не е само визија на една влада – тоа треба да биде стратегија на сите, затоа што сите сме заедно во ова. Имаме капацитет, имаме и потенцијал и, што е најважно, имаме луѓе коишто се подготвени да работат, да градат и да создаваат.

Националната развојна стратегија за периодот 2024 – 2044 година претставува највисок обединувачки, развоен и визионерски документ за следните 20 години. 

Основната цел е да биде сеопфатен стратешки документ, кој ќе овозможи фундаментална трансформација, односно спроведување на суштински национални промени и трасирање на развојната траекторија на земјата. 

Инклузивниот пристап ја одбележа подготовката на овој документ со вклученост на граѓаните, на институциите и на сите засегнати страни.

Една од најважните предности на овој значаен национален документ претставува политичкиот консензус во однос на неговата подготовка, но и донесувањето. 

Од самиот почеток до финалниот текст, стратегијата се градеше низ транспарентен и отворен процес, во кој учествуваа повеќе од 200 претставници од министерствата, над 60 пратеници и градоначалници, повеќе од 1.000 млади, над 100 граѓански организации, како и бројни академски и истражувачки институции и претставници од бизнис секторот. Ова овозможи детално да се разгледаат предизвиците со што се создаде основа за утврдување на клучните развојни прашања и приоритети.

Но, за да стигнеме таму каде што сакаме да бидеме, мора да направиме вистински, храбри промени. И тоа не само во зборови, туку со конкретни дела и реални резултати.

Мора да се движиме напред.

Сите знаеме дека денес состојбата не е онаква каква што треба да биде. Државата ја извлекуваме од кризата која предолго траеше, каде луѓето беа разочарани, младите си одеа, економијата стагнираше, институциите не функционираа како што треба, а корупцијата и неправдата беа секојдневие.

Затоа, нашата национална развојна стратегија ќе се заснова на неколку клучни приоритети, со кои ќе треба земјата да ја претвориме во земја на можности, а не земја на разочарувања.

Нема успешна држава без силна економија. Ако сакаме да ја градиме иднината, мора да ја зајакнеме економијата.

Спроведуваме даночни реформи кои имаат за задача да ги олеснат условите за бизнисите, да ја намалат бирократијата и да создадат конкурентна економска средина.

Многу е важно да обезбедиме енергетска независност со тоа што во делот на производството на електрична енергија, ќе имаме производство од домашни извори, со што ќе ги модернизираме постоечките капацитети, но исто така, многу е важно за изградиме нови капацитети, со што ќе поддржиме инвестиции од страна на државните компании и поддржуваме, но исто така и ќе охрабриме и охрабруваме приватни инвестиции. Една од тие очекуваме камен темелник да биде поставен кон крајот на јуни месец, со што ќе имаме отприлика околу 20-тина проценти ново производство на електрична енергија од обновливи извори, во случајот тоа е ветерот.

Ако сакаме да имаме иднина, тоа е ногу важно, мора да инвестираме во знаење. Се подготвува новиот закон за високо образование, закон во којшто, како Влада ќе обезбедиме бесплатен пристап на државните универзитети на две многу значајни научни бази на списанија, научни списанија. Оттука ценам дека со пристапот на овие бази на научни списанија, нашите научници ќе можат правилно да ги индексираат своите научни трудови. И барем еден од универзитетите ќе биде меѓу првите 1.000 и зошто да не биде меѓу првите 500 најдобри универзитети во светот. Ова за прв пат ќе се случува сега, досега тоа не било случај. Исто така, целта ни е секој научен труд којшто ќе биде прифатен од страна на научните списанија кои што се дел од овие две најдобри светски бази на научни списанија, секој труд којшто ќе биде прифатен целосно да биде спонзориран од страна на Владата, целосно да биде платен од страна на Владата. Целта ни е од сегашните 300 труда на национално ниво годишно, прават година да дојдеме до 600, а потоа да прогресираме и повеќе од 1.000, со што цениме дека високото образование и нашите универзитети ќе влезат во оптиката на идните студени, па наместо ние да испраќаме студенти надвор, ние да привлекуваме студенти тука кај нас. Исто така, имаме инвестиции во училиштата, нешто што е многу важно, спортски сали, тамо каде што недостасуваат. Предучилишниот развој е исто така дел од фокусот на оваа Влада на децата, со тоа што реалоцираме и веќе на вчерашната седница на Влада донесовме Одлука за пренос на 250 милиони евра или околу 15 милијарди денари од централниот буџет кон општините, со фокус на изградба на градинки, училишта, спортски сали итн.

Но, исто така и во делот на инфраструктурата за што ќе зборувам понатаму.  Бидејќи без квалитетна инфраструктура, нема развој. Покрај тоа што ги завршивме отпочнатите проекти во делот на експресните патишта и дел од делниците во железницата, преку овој трансфер на средства од централниот буџет во општините, ќе инвестираме во изградба на нови булеварски решенија, улици, канализации, водоводи итн. Тоа ни е многу важно, бидејќи цениме дека нашата стратешка предност е тоа што сме природна раскрсница на два многу значајни коридори, тоа се коридорот 8 и коридорот 10.  Модерни патишта, брзи железници, подобрени јавни услуги и дигитална поврзаност. Тоа е многу важно затоа што имам чувство дека малку се внимавало во изградба на дигиталната инфраструктура, што според мене треба да биде на исто ниво како да градите нови автопати, нови железници итн. Ние имаме, замислете, секундарен дата центар, односно recovery data center, а немаме примарен дата центар. Односно, секоја од институциите своите сервери и самата себе се брани онака како знае и како умее. Тоа не е организирано, тоа е дифузно. И наш главен приоритет и дел од планот за раст, којшто како Влада го имаме, е да изградиме еден ваков дата центар, каде што ќе можеме не само да го користиме за средина којашто ќе нуди услуги за институциите туку и за компании коишто исто така ќе сакаат да закупат дел од овој дата центар, коишто се кај нас тука во земјата.      

Не може да има напредок ако граѓаните немаат доверба во институциите. Сериозни реформи се потребни за да обезбедиме правда, којашто ќе биде еднаква за сите. Како ќе ја обезбедиме таа правда? Се разбира со темелни и јасни реформи но и борба против корупцијата, со што ќе се обезбеди транспарентност во секој аспект на водењето на тие исти институции, што мислам дека досега како Влада тоа го правиме. Веќе осми месец сме влада и можам да кажам дека досега во делот на борбата против корупцијата, барем од она што јас го имам како информација, а мислам дека имам доволно информации, што се однесува до политичката државна корупција, таа е би рекол сведена на нула.

Ова е наш дом и ние мораме да го заштитиме – не само економски, туку и да ги штитиме и нашите политички интереси. Тука пред се мислам да водиме сметка за националниот, историскиот и културниот идентитет. Мораме да ја водиме Владата со достоинство и така ќе ја браниме нашата традиција, историја и јазик. Градиме стабилна држава што ќе биде цврст партнер на своите граѓани и на меѓународната заедница.

Почитувани,

Ни претстои голем предизвик во претстојниот период за поставување на основите за спроведување на Националната развојна стратегија. Владата одобри сеопфатно управување и структура за поддршка на нејзиното спроведување, со уверување дека документот ќе има ефикасна и ефективна имплементација и ќе даде значајни резултати на краток и подолг рок – за нас и за нашите деца, за генерациите кои доаѓаат, за нашите млади да останат тука и да ги реализираат своите идеи и својот потенцијал.

За доследна и успешна операционализација на целите и приоритетите од Стратегијата, потребна е меѓуинституционална комуникација и координација, фокусирање на ресурсите, мобилизација на дополнителни средства за развој преку искористување нови извори на финансирање, подобрување на ефикасноста на финансиските приливи – и се ова да придонесе кон оптимално и рационално користење на финансиите што ќе бидат повеќе ориентирани кон резултати.

Од тие причини, решивме да ја организираме оваа Донаторска конференција со што ќе ја потврдиме нашата стратешка определба за градење на партнерства и транспарентно, планирано и координирано користење на развојната помош кај нас. 

Ве охрабрувам заеднички да ги разгледаме можностите за заеднички партнерски иницијативи и проекти, што ќе придонесат за насочено спроведување на политиките и постигнување на видливи резултати за граѓаните.

Извор: Влада

Прочитајте

МЕП: Брисел – Муртезани на средба со Мати Масикас „Продлабочена соработка...

0
Министерот за европски прашања Орхан Муртезани, денеска оствари средба и со Мати Масикас, извршен директор за Европа во Европската служба за надворешни работи (EEAS). На...