HomeВладаПрвиот вицепремиер Меџити на Безбедносниот форум во Вашингтон - Северна Македонија, доверлив...

Првиот вицепремиер Меџити на Безбедносниот форум во Вашингтон – Северна Македонија, доверлив партнер на САД

spot_img
spot_img

Во рамки на официјалната посета на Вашингтон, првиот потпретседател на Владата Изет Меџити учествуваше на Меѓупарламентарниот безбедносен форум што го организираа конгресмените Пит Сешнс и Роберт Адерхолт.

На овој форум се разговараше за безбедносни прашања за Западен Балкан и за Европската Унија, со фокус на потребата од зајакнување на одбранбените институции и зголемен ангажман на земјите од регионот во НАТО.

Во својот говор пред учесниците на Меѓупарламентарниот безбедносен форум, Меџити истакна дека поддршката на Соединетите Американски Држави за одбранбениот сектор на Западен Балкан, по кризата предизвикана од војната во Украина, била и останува клучна.

„Северна Македонија ќе продолжи да придонесува за глобалниот мир и безбедност, како одговорен актер и извор на извоз на регионалниот мир“, истакна првиот вицепремиер Изет Меџити.

Инаку, на овoj форум учествуваа и министерот за здравство Арбен Таравари, потпретседателот на Собранието Антонио Милошоски, градоначалникот на општина Тетово Билал Касами и многу други личности. Додека и претседателката на Косово, Вјоса Османи и претседателот на Украина, Володимир Зеленскиј на Форумот ги споделија своите искуства во безбедносните предизвици.

Извор: Влада

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

МДТ: Ревизорските наоди откриваат наследени проблеми стари повеќе од една деценија...

0
Министерството за дигитална трансформација ги разгледува со должно внимание сите наоди и препораки на Државниот завод за ревизија, кои ги сметаме за важен инструмент...