spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМСПДМ: Средба Велковски- Фугер - Бездомништвото е предизвик на кој посветено ќе...

МСПДМ: Средба Велковски- Фугер – Бездомништвото е предизвик на кој посветено ќе работиме идниот период

Заменик министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски одржа работна средба со  аташето за социјални работи на Австриската амбасада во Република Северна Македонија, Харалд Фугер.

На средбата се разговараше за досегашната соработка и поддршка на Република Австрија во реализацијата на проекти и активности на полето на социјалната заштита, со акцент на бездомништвото. Од страна на аташето Харалд Фугер беше презентиран проектот „Home first“-(Прво дом) како позитивен пример за решавање на проблемот со бездомништвото во Австрија. Суштината на овој проект е дека на бездомните лица прво треба да им се реши проблемот со обезбедување на дом, а потоа да се стекнат и со останатите социо- економски права.

Соговорниците разговараа дека заедно со обезбедувањето на дом, институциите треба да работат и на обезбедување на социјален пакет и за остварување на другите права во делот на вработување, образование, здравствена и социјална заштита. 

На средбата се разговараше и за другите тековни проекти во областа на социјалната заштита каде се вклучени најранливите категории. 

Двете страни изразија подготвеност за зајакнување на соработката и користење на позитивните искуства од Австрија во изнаоѓање на соодветни решенија во делот со бездомништвото.

Извор: Министерство за социјална политика, демографија и млади

Прочитајте

МСПДМ: Министерот Лимани ги посети корисниците на Дневниот центар за лица...

0
Министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани заедно со дел од неговиот тим го посети Дневниот центар за лица со церебрална парализа...