HomeВладаСредба Николоски-Тигањ: Одличните билатерални односи да ги надградиме со зголемување на трговската...

Средба Николоски-Тигањ: Одличните билатерални односи да ги надградиме со зголемување на трговската соработка меѓу двете земји

spot_img
spot_img

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски вчера оствари работна средба со амбасадорката на Хрватска, Нивес Тигањ. 


На средбата на која што беа потврдени одличните билатерални односи,  се разговараше за идната соработка меѓу двете земји.


Вицепремиерот Николоски особено потенцираше дека постои огромна можност за зголемување на економската соработка и трговската размена меѓу Македонија и Хрватска.


Тој информираше дека Владата ја започна најголемата инвестиција на активност досега во модернизација на инфраструктурата со посебен фокус на коридорите 8 и 10, кои претставуваат дел од европските транспортни мрежи.


На средбата се разговараше и за актуелните политички прашања во земјата и регионот со акцент на реформските процеси што се спроведуваат, а се во насока на евроинтегративниот пат на земјава. Меѓу другото, се разговараше и за реформите во однос на владеењето на правото и борбата против криминалот и корупцијата. 


Вицепремиерот Николоски упати благодарност за континуираната поддршка од страна на Хрватска на патот кон членството во Европската Унија, притоа двајцата говорници се согласија дека билатералните односи ќе продолжат да се одржуваат со одлично ниво во интерес на меѓусебната соработка и пријателството меѓу двете земји.

Извор: Влада

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте