Подготвителни активности за реконструкција на КАРИЛ се во завршна фаза.
Ќе отпочне темелна реконструкција, која првпат се реализира.
За таа цел, министерот за здравство, д-р Арбен Таравари денеска ја посети УК за ТОАРИЛУЦ и оствари средба со директорката, д-р Марија Срцева Јовановски, директорот на ГОБ ,,8 Сепрември”, д-р Синиша Стојановски, директорот на Хируршката клиника ,,Св.Наум Охридски”, д-р Небојша Настов и директорот на Клиниката за неврохирургија, д-р Љуљзим Агаи, каде ќе се преземат дел од пациентите, согласно изготвениот интерклинички план, во соработка со Министерството за здравство.
Извор: Министерство за здравство























