spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗШВ: Инфо караванот на ИПАРД 3 Програмата за Мерка 1 продолжува и...

МЗШВ: Инфо караванот на ИПАРД 3 Програмата за Мерка 1 продолжува и наредната недела

Телото за управување со ИПАРД при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството продолжуваат со кампањата и инфо средбите по повод објавениот повик за мерката 1 – Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства од ИПАРД Програмата 2021-2027 (ИПАРД 3).

На инфо средбите заинтересираните корисници (физички, правни лица, задруги итн.) ќе можат да се информираат за постапките и условите за аплицирање со цел користење на средства од оваа мерка од програма од тековниот објавен повик.

Се повикуваат сите заинтересирани корисници да присуствуваат на инфо средбите со цел полесно информирање и искористување на мерка 1, имајќи предвид дека крајниот рок за поднесување на барањата за мерка 1 од овој јавен повик е 29 март 2025 година.

Во текот на идната недела планирани се следниве средби:

  • 4ти март 2025 година (вторник), инфо средби ќе се одржат во Босилево, со почеток  од 11:00 часот во салата во Домот на култура и во Василево со почеток од 14:00 часот во салата во Домот на култура,
  • 5ти март 2025 година (среда), инфо средби ќе се одржат во Конче, со почеток  од 11:00 часот во општинската сала и во Радовиш со почеток од 14:00 часот во општинската сала,
  • 6ти март 2025 година (четврток), инфо средби ќе се одржат во Берово, со почеток  од 11:00 часот во општинската сала и во Виница со почеток од 14:00 часот во општинската сала, и
  • 7ми март 2025 година (петок), инфо средби ќе се одржат во Неготино (о. Врапчиште) со почеток од 13:00 часот во салата во Дом на култура и во Гостивар, со почеток  од 15:00 часот во салата при АД ЕСМ, ХЕЦ Маврово – Гостивар.

Информациите околу деталите, потребните документи и јавните повици, сите заинтересирани може да ги добијат и на следниве веб страници и телефонски броеви:

–      Тело за управување со ИПАРД фондовите при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство – https://ipard.gov.mk или 02/3134-477 локал 113, 114 и 115;

–      Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој http://www.ipardpa.gov.mk или на 02/3097-460 и 070/229-434 (сектор за одобрување на проекти), 070/229-328 (сектор за одобрување на исплати) и

–      Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството http://agencija.gov.mk/ или на 047/228-330 и 047/228-370.

Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Прочитајте

Гази Баба: 80 години Црвен крст во Македонија

0
Градоначалникот Бобан Стефковски прими уште едно значајно признание кое е одраз на успешната соработка која ја има Општина Гази Баба со Црвениот крст на...