spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАХВ: Наредено уништување на 1980 килограми небезбедно замрзнато месо

АХВ: Наредено уништување на 1980 килограми небезбедно замрзнато месо

Официјални ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), вчера, по спроведен вонреден инспекциски надзор, наредија нештетно уништување на 1980 килограми небезбедно замрзнато пилешко месо по потекло од Полска кое било транспортирано во возило кое го запленило Министерството за внатрешни работи од непознат сторител. 

Месото било спакувано во 180 пакети по 11 килограми и во моментот на контрола било во фаза на отопување.
 
Во запленетото возило, небезбедното месо се транспортирало во несоодветни услови, односно без потребен температурен режим за замрзнато месо (минус 18 степени Целзиусови) и без никаква документација за потеклото –  ветеринарно здравствен сертификат, комерцијален документ и други потребни документи за гарантирање на безбедноста на производот. 

Извор: Агенција за храна и ветеринарство
 

Прочитајте

МДТ: Граѓаните ја препознаваат работата на Министерството – нови електронски услуги

0
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, беше гостин во вчерашното издание на неделниот магазин Детектор на ТВ Сител, министерот зборуваше за дигитализација на јавните...