spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМСПДМ: На министерот Лимани му беше врачена јубилејна плакета од Црвениот крст

МСПДМ: На министерот Лимани му беше врачена јубилејна плакета од Црвениот крст

По повод јубилејот од 80 години од основањето на Црвениот крст од страна на Генералниот секретар на Црвениот крст, г-дин Саит Саити, му беше доделена плакета на министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани.

Во своето обраќање пред присутните, изразувајќи чест и задоволство, Лимани истакна дека плакетата е симболичен доказ на заедничката посветеност за унапредување на квалитетот на живот на граѓаните, со акцент на ранливите категории.

„Ова наше партнерство е од особено значење, бидејќи како носители на социјалната одговорност имаме клучна улога во создавањето на силна заедница.Преку нашата соработка, во континуитет се отсликува посветеноста во исполнувањето на нашите заеднички цели –  обезбедување на  поддршка и помош за лицата на кои им е  потребна, особено оние кои се наоѓаат во социјална и економска нееднаквост, вклучувајќи ги старите лица, децата, жените, лицата со попреченост, бегалците и мигрантите“, рече Лимани.

Тој посочи дека, воспоставената силна партнерска врска придонесува за  реализација на проекти кои обезбедуваат пристап до здравствени и социјални услуги, како и поддршка во стекнување на вештини за полесно вработување на ранливите категории, што е клучно за интегрирање на ранливите категории во општеството.

„Нека е честит јубилејот од 80 години од основањето на Црвениот крст, посакувам уште многу успешни проекти и соработка. Да продолжиме заедно да креираме посветла иднина за сите наши граѓани. Затоа што секој во општеството е важен!”, порача Лимани.

Извор: Министерство за социјална политика, демографија и млади

Прочитајте