spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

АФПРР: Јавен повик број 01/2025

Врз основа на член 7, алинеја 9 од Законот за основање на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој („Службен весник на Република Македонија“ број 72/07, 5/09 43/14, 193/15, 39/16, 164/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 190/19), Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој го објавува следниот

ЈАВЕН ПОВИК бр. 01/2025

за доставување на барања за исплата на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2025година

I.        ПРЕДМЕТ НА ОГЛАСОТ

Предмет на овој оглас е доделување на финансиска поддршка за следните мерки:

Група на меркиПомош за зачувување на руралните предели и нивните традиционални карактеристикиМаксимална вредност на прифатливи трошоци (до)
Мерка 213Надомест на трошоци за одржување на висински пасишта и ливади и поддршка на традиционално сточарство–          50.000.000,00 Денари-          не повеќе од 620.000 денари по вработено лице
–          во висина од 100% од исплатената просечна нето-плата во Република Северна Македонија во период од 1 јануари 2023 година до 31 декември 2023 година, како трошок за чување и напасување на добитокот (овци, кози и/или говеда) на пасишта и ливади, односно регистрирани одгледувалишта кои се наоѓаат во населени места со надморска висина еднаква или повисока од 700 метри;-          во висина од 60% од исплатената просечна нето-плата во Република Северна Македонија во период од 1 јануари 2023 година до 31 декември 2023 година, како трошок за чување и напасување на добитокот (овци, кози и/или говеда) на пасишта и ливади, односно регистрирани одгледувалишта кои се наоѓаат во населени места со надморска висина пониска од 700 метри;
Критериум–       Поддршката се доделува во сооднос:  –       1 вработено лице на 150 овци-       1 вработено лице на 100 кози-       1 вработено лице на 50 говеда
Бројот на вработени лица за кои е исплатена поддршката треба да е ист во период од најмалку една година пред годината за која е исплатена поддршката

II.     ПРАВО ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СРЕДСТВА

Право на користење на средства по мерки имаат следните субјекти:

СубјектиМерка
Земјоделски стопанства регистрирани согласно Законот за земјоделство и рурален развој во Единствениот регистар на земјоделски стопанства при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство213

III.   УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СРЕДСТВА И ДОКУМЕНТАЦИЈА КОЈА СЕ ПОДНЕСУВА

Барањата за пооделна мерка се доставуваат во оригален примерок.

Условите кои треба да ги исполнуваат барателите на средства се утврдени со:

–          Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2025 година („Службен весник на Република Македонија“ бр. 29/2025)

–          Правилник за начинот и постапката за спроведување на поддршката за помош за вршење на земјоделска дејност за заштита и унапредување на животната средина („Службен весник на Република Македонија“ бр. 117/2021)

–          Законот за земјоделство и рурален развој („Службен весник на Република Македонија“ бр. 49/2010, 53/2011, 126/2012, 15/2013, 69/2013, 106/2013, 177/2014, 25/2015, 73/2015, 83/2015, 154/2015, 11/2016, 53/2016, 120/2016, 163/2016, 74/2017,83/2018, 27/2019 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.152/2019, 244/2019, 275/2019, 110/2021, 123/2022, 65/23 и 218/24 )

Доколку до Агенцијата се поднесат повеќе барања отколку што има расположливи средства за мерката 213, согласно Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2025годинаАгенцијата ќе им даде предност на оние баратели кои го поднеле своето барање порано од останатите.  

Еден барател може да поднесе едно барање само за една мерка. Еден барател може да поднесе најмногу 2 поединечни барања по различни мерки земајќи ги предвид и останатите мерки од Програмата за рурален развој за 2025 година.

IV.   ПОДИГНУВАЊЕ НА ОБРАСЦИ И УПАТСТВА

Обрасците „Барање за исплата” со листата на потребни документи може да се подигне на веб страната на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk.

Горенаведените обрасци може да се подигнат и директно во Агенцијата секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот на адреса:

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој,

Ул. 3-та Македонска бригада бр.20 ( Зграда на Македонија Табак блок Ц )

1000 Скопје

V.      НАЧИН НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИТЕ

Пополнетите барања за исплата од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2025 година заедно со целокупната потребна документација се доставуваат на македонски јазик во затворен коверт на кој на предната страна во горниот лев агол стои ознаката “НЕ ОТВОРАЈ“, за Јавен повик број 01/25 и назначување на шифрата на мерката за која се поднесува барањето. Барањето може да се достави по пошта или лично во писарницата на Агенцијата, во спротивно Агенцијата не превзема одговорност за ненавремено и некомплетно пристигнување во писарницата  или предвремено отворање на барањето.

Крајниот рок за доставување на барањата е 31.03.2025година. Барањата доставени по предвидениот рок нема да бидат разгледувани.

Подетални информации на контакт тел. (02) 3097-460 или на контакт е-маил адреса: ipardpa.info@ipardpa.gov.mk и на веб-страната: www.ipardpa.gov.mk

Контакт:

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Сектор за одобрување на исплата.

Телефон 02 3097 – 460, секој работен ден од 08.30 до 16.30 часот

E-пошта: ipardpa.info@ipardpa.gov.mk

                                                                                                                                                                                                                                         

 В.Д. ДИРЕКТОР                                                                                                                                 

ИЛИЈА СТОИЛЕВ

Извор: Агенција за Финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој

Прочитајте

МТ: Николовски од Прага – Преговараме за нови инвестиции од Чешка,...

0
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вчера ја продолжува работната посета на Чешката Република, каде во Прага покрај учеството на Комитетот за економска...