spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиДКСК: Ефективен корисник на ЦАФ

ДКСК: Ефективен корисник на ЦАФ

На 27.03.2024 година Државната комисија за спречување на корупцијата аплицираше во РеСПА (Регионалната школа за јавна администрација) за надворешна проверка на процесот на имплементација на Заедничката рамка за проценка (ЦАФ).

По одобрување на апликацијата, РеСПА спроведе стандардизирана процедура за фидбек од искусни надворешни експерти за ЦАФ, со цел потврдување на правилната примена на алатката и ефективноста на избраниот пат за натамошен развој на управувањето со квалитетот.

Процесот на надворешна проверка се заокружи на 11.11.2024 година со спроведување на теренска посета од страна на двајца актери за надворешен фидбек од ЦАФ.

На 28.02.2025 година РеСПА го достави Фидбек извештајот за ЦАФ и одлуката со која на Државната комисија и е доделена ознаката Ефективен корисник на ЦАФ.

Во следните три години, односно до истекување на важноста на ознаката, Државната комисија ќе остане посветена кон целосно исполнување на Планот за подобрување, со посебен фокус на управување со квалитет во сите сегменти на дејствување, а со тоа и унапредување на системот на интегритет кој се спроведува во институцијата.

Извор: Државна комисија за спречување на корупцијата

Прочитајте

МТ: Можност Скопје – Прага да ги поврземе со авиолинија, како...

0
Поврзување на Скопје со Прага, соработка меѓу двата аеродроми и воведување на нови авиолинии, беа тема на разговорите помеѓу заменик претседателот на Владата и...