Почитувани,
Во рамки на програмата на општина Илинден за реконстукција и санација на локални патишта и улици, се работи фазно и етапно на реконстукција на коловозот и изградба на пешачка патека со одводнување на улица 8 во населба Илинден.
За таа цел ги известуваме граѓаните дека на ден 10.03.2025 год. (понеделник) во периодот од 09:30 до 16:00 часот, ќе се врши асфалтирање со втор слој на асфалт на делот од улица 8 од пред здравствениот дом во н.Илинден до апреката Ника фарм во должина од 350 метри.
Во овој период во целост ќе биде затворен овој дел на улицата и сообраќајот ќе биде пренасочен по алтернативните локални улици.
За таа цел апелираме за разбирање и соработка како и внимателност при движење во сообраќајот, почитувајќи ја воспоставената траса на движење и одвивање на сообраќајот.
Ви благодариме за соработката.
Извор: Општина Илинден