spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниСопиште: Дом на Култура

Сопиште: Дом на Култура

На мое големо задоволство, денеска и официјално сакам да ја информирам јавноста, пред сѐ, жителите на општина Сопиште дека и официјално новиот Дом на културата е завршен и целосно функционален.

Овој објект е изграден на местото на поранешниот руиниран објект кој го користеше месната заедница. Проектот беше изработен од Општината во 2016 година, а го изградивме со средства од општинскиот буџет и финансиска поддршка од ИПАРД.

Просторот ќе може да се користи за разни културни настани, ќе биде место за учење на странски јазици, ликовна уметност и музички инструменти како и за активности кои ќе ја негуваат и промовираат традицијата на Општина Сопиште. Како градоначалник, особено сум горд на овој проект кој верувам ќе создаде нови можности за развој на културата и уметноста во Сопиште. Домот сѐ, уште нема име.

Не случајно, одлучивме тоа да го направиме заеднички. Во периодот што следи од вашите идеи и предлози ќе го одбереме името на домот, со што симболично заеднички ќе го означиме создавањето на неговиот идентитет. Верувам дека сето ова ќе придонесе заеднички да создадеме место на кое ќе се негува културната традиција и ќе се промовираат нови идеи и несомнено ќе го збогатиме културниот живот во Сопиште.

Извор: Општина Сопиште

Прочитајте

МТ: Николовски од Прага – Преговараме за нови инвестиции од Чешка,...

0
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вчера ја продолжува работната посета на Чешката Република, каде во Прага покрај учеството на Комитетот за економска...