HomeОпштиниИлинден: Асфалтирање со втор слој асфалт на улица „8“ во населба Илинден

Илинден: Асфалтирање со втор слој асфалт на улица „8“ во населба Илинден

spot_img
spot_img

Во рамки на активностите за реконструкција на улица „8“, во населба Илинден извршено е асфалтирање на улицата со втор слој асфалт во должина од 300 метри, како дел од втората фаза од реконструкција на улицата. Со овие градежни активности се изврши целосна реконструкција на улицата, а покрај асфалтирањето се изгради и нов тротоар во должина од 300 метри, како и систем за зафаќање на атмосферските води од коловозот.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, изврши увид во текот на асфалтирањето и истакна дека оваа втора фаза од реализација на проектот се имплементира во соработка со Министерството за транспорт и врски, со обезбедени средства од Светска Банка.

Во наредниот период ќе се продолжи со реконструкција на третата и завршна фаза која Општина Илинден ќе ја реализира со сопствени средства од буџетот на Општината.

Оваа улица е главна сообраќајна артерија која ги поврзува Здравствениот дом и повеќе стопански субјекти на територија на Општина Илинден.

Извор: Општина Илинден

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

МЗ: Клековски – Нечовечките услови во психијатриските установи мора да станат...

0
Министерот за здравство Сашо Клековски денеска, по повод Светскиот ден на менталното здравје го отвори целосно реконструираниот оддел „Машки 2“ во ЈЗУ Психијатриска болница...