Настанот беше можност за продлабочување на соработката и градење на мостови на почит и разбирање меѓу различните заедници.
„Благодарам на домаќините од МАТТО за гостопримството и укажаната чест.
Посакувам преостанатите денови од постот за време на Светиот месец Рамазан да ги поминете со членовите на Вашите семејства, пријателите и најблиските, во слога и спокојство, во добро здравје, создавајќи убави дела и добрини“ – истакна Минчев.
Министерството за јавна администрација останува посветено на унапредување на инклузивноста и меѓусебното почитување како темелни вредности на општеството.