spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаМицкоски: Не правам пи-ар кампања, туку ја исполнувам својата должност како премиер,...

Мицкоски: Не правам пи-ар кампања, туку ја исполнувам својата должност како премиер, секој што има вина, за несреќата во Кочани, ќе сноси одговорност

„Во текот на вчерашниот ден посетив пациенти. Во текот на денешниот ден, исто така посетив пациенти. И вчерашниот и денешниот ден, ги запазив сите оние протоколи коишто ми беа апсолутно побарани од страна на медицинскиот персонал, од страна на докторите и итн. итн. И во текот на вчерашниот ден и во текот на денешниот ден, нема никогаш да видите лице, ниту пак да слушнете или прочитате име на пациент, којшто јас сум го посетил. Ќе ги погледате денеска сите слики, ќе видите, како јас сум влегол. Да има и такви, коишто влегуваа со камери и слично. Но, како што видовте вие, и вчера и денеска јас, никаде не влегов со камера, ниту имам намера да правам пи-ар од сето ова. Фотографиите се во тил, никаде нема лице на ниту еден пациент, ниту пак ќе си дозволам. Многу внимателно ги биравме фотографиите, за да нема ниту едно лице, ниту пак, за да што било направиме. Инаку еве ќе ви дадам и на тоа одговор. Не го правам тоа поради пи-ар. Го правам тоа, за да излезам пред вас, за да не се кријам и да зборувам отворено, за сето она со коешто се соочуваме, и сето она за коешто го постапуваме. Ако тоа е проблем, а не мислам дека вашите колеги ќе се сложат со вас, тогаш подготвен сум да сносам одговорност“, одговори претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, на новинарското прашање дали е примерно тоа што денеска ги посетил повредените пациенти од трагичниот пожар во Кочани, хоспитализирани во ГОБ „8 Септември“ Скопје, или тоа е злоупотреба на несреќата за пи-ар.

Премиерот рече дека негова задача како прв човек на Владата, е преку медиумите да се обрати до граѓаните, со пораки и дека не прави никаков пи-ар од несреќата.

„И тие пораки ценам дека во овој момент се важни за граѓаните. И тоа е мојата цел. Не е мојата цел никаков пи-ар да правам. Не мора да ја објавувате, еве вие како медиум ништо од ова, јас што го зборувам. Не мора да објавувате ниту една слика, ниту еден статус, тоа е ваш избор. Но, оставете ги вашите колеги да си ја вршат нивната работа и оставете ме мене, да си ја вршам јас мојата работа. Јас ве оставам“, истакна Мицкоски.

Во однос на прашањето, дали планира и кога ќе оди во Кочани, да се потпише во книгата на жалост, премиерот објасни дека веќе беше во Кочани по несреќата, и пак ќе оди.

„Апсолутно, јас бев дента во Кочани. Ќе одам повторно во Кочани, но ценам дека е потребно да бидам сега во моментот во Скопје, да носам одлуки. Инаку не е проблем да се појде и да се потпишам и тука немојте да мислите дека од било што стравувам, ако појдам во Кочани. Совеста ми е чиста, намерата ми чиста и ќе сторам сè и покрај оваа валкана игра, на којашто вие сега пледирате, да јас одам таму и да изразам сочувство, како што изразив сочувство, уште во првите моменти од несреќата“, рече тој.

Премиерот напомена дека ќе сноси одговорност, секој којшто има вина. Апелираше да не се креираат невистини, коишто немаат никаква врска со реалноста.

„Дали и колкава е одговорноста на градоначалникот, ќе утврди обвинителството. Градоначалникот во својата оставка напиша дека стои на располагање за сè, не бега, тука е. Стој на располагање. Денеска колку што ја знам, истражните органи ќе влезат и во Општината, и ќе ги проверат сите документи, Ако вие сега пледирате дека тој е ВМРО, па ние го штитиме, не! Се лажете. Никого нема да штитиме, свети ВМРО да биде. И јас да сум, родена сестра, брат да ми е, ќе одговара ако има каква било вина. И затоа јас реков, и во текот на вчерашниот ден, кривична одговорност ќе има за сите. Ако е потребна морална или каква било политичка, удрете на мене! Еве јас сум тука, јас ќе се сносам со сиот овој предизвик. Но, прво ќе ги поразам, како што многу пати сум ги поразил, а потоа на избори граѓаните ќе судат, дали и кој треба да сноси одговорност? Само ве молам, да не шпекулираме, да не креираме информации, коишто немаат никаква врска со вистината. Инаку свети ВМРО да е, ако направил грешка ќе одговара, и тоа сме го покажале и докажале во овој период“, додаде премиерот.

Извор: Влада

Прочитајте

Карпош: Сектор Инспекторат ќе спроведе нова акција за проверка на хидрантска...

0
Општина Карпош, преку Сектор Инспекторат – Општински инспектор за домување, во соработка со Одделението за заштита и спасување, во текот на 2022 година има...