spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАХВ: Насоки за превенција и пренос на КОВИД-19 - ФАО Упатство за...

АХВ: Насоки за превенција и пренос на КОВИД-19 – ФАО Упатство за бизнис оператори со храна

Тековните податоци покажуваат дека ниту храната ниту пак пакувањето на храната не претставуваат опасност за ширење на вируси кои предизвикуваат респираторни заболувања, вклучително и SARS-CoV-2.

Со други зборови, SARS-CoV-2 не претставува директна закана за безбедноста на храната.

Сепак, многу е важно за прехранбената индустрија и надлежните органи да ги заштитат вработените преку обезбедување безбедна работна средина, промовирање мерки за лична хигиена и обезбедување обука за принципите за хигиена на храната. Овие мерки треба да се засноваат на ризик и да бидат пропорционални со нивото на очекувана изложеност на работниците на SARS-CoV-2: во средини каде SARS-CoV-2 не циркулира активно, практики во согласност со ефективните системите за управување со безбедноста на храната може да бидат доволни.

Спротивно на тоа, во средини каде преваленцата на COVID-19 се зголемува, преземените мерки за превенција, исто така, треба да се зголемат.

Во таа насока, Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО) објави Упатство на тема „Насоки за превенција и пренос на КОВИД-19 за бизнис операторите со храна“.

Целта на ова упатство е да се потенцираат мерките потребни за контрола на COVID -19, така што вработените ќе бидат заштитени, истовремено обезбедувајќи безбедна храна. Овие мерки не треба да ги заменат традиционалните контроли за безбедноста на храната и управување со безбедноста на храната, туку истите треба да ги надополнат.

Упатството може да се преземе на следниот линк:

http://www.fao.org/3/cb6030en/cb6030en.pdf

 

Извор: Агенција за храна и ветеринарство 

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...