HomeСамостојни органиСамостојни државни органиДЗС: Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, јануари 2025 година

ДЗС: Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, јануари 2025 година

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јануари 2025 година, во однос на јануари 2024 година, изнесува 108.9.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (15.6 %), Административни и помошни услужни дејности (12.0 %) и Образование (11.4 %).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Градежништво (6.6 %), Преработувачка индустрија (5.4 %) и Финансиски дејности и дејности на осигурување (4.5 %).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јануари 2025 година, изнесува 43 050 денари.

Преземи го соопштението во целост

Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389295666 

е-пошта: press@stat.gov.mk

Извор: Државен завод за статистика

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Europcar Quick and Fresh

Прочитајте