Министерството за финансии врз основа на одлука на Владата ќе обезбеди 30 милиони денари од Буџетот за покривање на трошоците за превоз, престој и сместување во странство на членовите на семејствата на настраданите во пожарот во дискотеката во Кочани, а коишто се хоспитализирани и се лекуваат во некоја од болниците во странство.
Согласно Одлуката, донесена денеска на седница, средствата се обезбедуваат од резервите на Буџетот за 2025 година, а исплатата ќе се реализира преку Службата за општи и заеднички работи на Владата.
Извор: Министерство за финансии























