Согласно Решението со број 27-223/2 од 20.03.2025 година за објавување на Јавен повик за ангажирање на 1 (еден) обучувач за семинар на тема „Градење на политики и стратегии за млади со младински чадор организации” во Маврово, 09-11.04.2025 година се објавува следново:
Јавен повик за ангажирање на 1 (еден) обучувач за семинар на тема “Градење на политики и стратегии за млади со младински чадор организации” во Маврово, 09-11.04.2025 година.
Национална агенција за европски образовни програми и мобилност (Национална агенција) согласно предвидените активности, динамиката на активности и контнинуираниот фокус кон младите, младинската работа и учество, објавува Јавен повик за ангажирање на 1 (еден) обучувач за семинар на тема „Градење на политики и стратегии за млади со младински чадор организации” во Маврово, 09-11.04.2025 година.
Настанот има за цел преку промовирање и имплементација на еден од клучните Еразмус+ приоритети, а тоа е учество во демократскиот живот, да се пристапи кон креирање на т.н. роуд мапа со вклученост на политиките од националната стратегија за млади на Република Северна Македонија и европската стратегија за млади, меѓусебно вмрежување, како и споделување на добри практики, како и заклучоци за понатамошно дејствување.
ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ НА СЕМИНАРОТ:
- Унапредување на важноста од имплементацијата на квалитетни политики и алатки кои се од исклучително значење за младите, младинската работа и младинското учество.
- Споделување на добри практики, предлози и отворена дебата помеѓу претставници од младинските центри, младинските организации, како и носители на одлуки за млади од различни региони во државата.
- Поттикнување на простор за едукација, креативност и размена на добри практики и искуства меѓу младинските организации.
- Работен јазик на обуките е македонски јазик.
Критериуми за аплицирање
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните критериуми:
- Државјанин на Република Северна Македонија.
- Да имаат искуство со работа во областа на млади и младински активости.
- Да имаат задоволително познавање на програмата Еразмус+. Искуството со други ЕУ или меѓународни програми ќе се вреднува како предност.
- Да бидат обучувачи/едукатори со докажано искуство од неформални или формални образовни активности, младинска работа и младинско учество.
- Да имаат релевантна врска со полето на младинската работа и разбирање за тоа какво влијание имаат меѓународните активности врз организациите на долг рок.
- Да можат да придонесат конструктивно и да помогнат во подготовката, водење и евалуација на активност (тренинг курс, семинар, студиска посета, конференција – или онлајн), врз основа на пристап на неформално образование.
Потребни документи за аплицирање
Кандидати кои ќе аплицираат потребно е да ја достават следната документација:
- Мотивационо писмо А4 формат – максимум 1 страна
- Кратка биографија – европски формат А4 формат – максимум 4 страници.
Сите елементи на апликацијата треба да се испратат на маил адресата: jovica.mitevski@na.org.mk со означување на семинарот “Градење на политики и стратегии за млади со младински чадор организации” во Маврово, 09-11.04.2025 година.
Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето. Ненавремените и некомплетни пријави, нема да бидат предмет на разгледување од страна на Комисијата за разгледување и евалуација на пристигнатите апликации.
Националната агенција со избраниот обучувач ќе склучи договор во кој ќе се утврдат правата и работите обврски и надоместокот за извршените обврски.
Општи мерки за спречување на корупцијата
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во постапката за избор за ангажирање на 1 (еден) обучувач за семинар на тема “Градење на политики и стратегии за млади со младински чадор организации” во Маврово, 09-11.04.2025 година, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата.
Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: ukazuvaci@na.org.mk и nepravilnosti@na.org.mk.
Извор: Национална агенција за европски образовни програми и мобилност
































