Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска оствари средба со Хе Бингуа од економски оддел на кинеската амбасада во Република Северна Македонија.
Заменик министерката Лашкоска информираше дека наша заложба како држава е ЕУ интеграцијата и сите процеси во областа животна средина се во контекст на исполнување на европските стандарди и критериуми.
На средбата се разговараше за можната соработка во однос на размена на искуства и современи технологии во животната средина.
Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање
































