HomeВладаВлада: Со линеарното зголемување на пензиите од 5.000 денари најниската пензија во...

Влада: Со линеарното зголемување на пензиите од 5.000 денари најниската пензија во март изнесува 18.192 денари, просечната изнесува 26.258 денари

spot_img
spot_img

Почитувани,

Исполнето е ветувањето за зголемување на пензиите од 5.000 денари на над 330.000 пензионери.

Со исплата на мартовската пензија за 2.500 денари, се заокружи циклусот за линеарно покачување на пензионерите за 5.000 денари.

Со сегашното зголемување најниската пензија во март изнесува 18.192 денари, додека просечната пензија изнесува околу 26.258 денари.

Пензионерите заслужуваат сигурен и достоинствен живот.

Дополнително дека работиме во интерес на граѓаните покажува и фактот што како Влада имаме став дека нема да ја зголемиме старосната граница за пензионирање која сега е 62 години за жени и 64 години за мажи и најмалку 15 години стаж.

Грижата за пензионерите е наша обврска и цел.

Како Владата продолжуваме целосно посветено и одговорно да работиме за подобар и поквалитетен живот за сите граѓани.

Извор: Влада

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте