spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕСимеска – Димеска, миленичката на Заев од понеделник ќе удри по џебот...

Симеска – Димеска, миленичката на Заев од понеделник ќе удри по џебот на граѓаните

Заев и Филипче со своите фашизоидни мерки удрија по џебот на граѓаните.

Миленичката на Заев, директорката на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) Анета Симеска-Димоска изјави дека грaѓаните од понеделник кои ќе бидат затекнати во објект или на настан без сертификат за примена вакцина против КОВИД-19 ќе платат казна од 250 евра, а казната за угостителскиот објект се движи од 2.500 евра до 30 илјади евра, во зависност од големината на објектот, плус 1.500 евра за одговорното лице.

Ова е класично пљачкосување но и  системско потфрлање на неспособната власт која го доведе народот целосно да осиромаши.

Дискриминацијата на вакцинирани и невакцинирани граѓани е уште една од низата на нелогичности, но и  резултат на неспособноста на власта која убедуваше дека до септември ќе се прогласи крај на пандемијата.

Со оваа политика на Заев која затвори за шест месеци над 5.000 фирми, а за една година повеќе од 10.000 фирми колку сега ќе затвори со новите фашизоидни мерки?

Колку граѓани поради политиките на Заев и Филипче, а спроведувани од Симеска  – Димоска ќе останат на улица?

Оваа одлука на власта е погубна за економијата и за егзистенцијата на илјадници граѓани.

Казната Заев и Филипче ќе ја добијат од граѓаните на изборите каде што ќе бидат казнети за погубните и фашизоидни политики кои граѓаните ги доведоа до раб на егзистенција.

Извор: ВМРО ДПМНЕ

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...