HomeМинистерстваМЈА: 10th CAF USERS EVENT во Полска - Размена на искуства за...

МЈА: 10th CAF USERS EVENT во Полска – Размена на искуства за унапредување на јавната администрација

spot_img
spot_img

Шефот на Кабинет на Министерот за јавна администрација, Маја Рисова Мутлулар, заедно со националните кореспонденти за управување со квалитет и CAF од Министерството за јавна администрација, присуствуваа на свечениот прием во Кабинетот на Премиерот на Република Полска, по повод одржувањето на 10th CAF USERS EVENT, под покровителство на полското претседателство со Советот на Европската унија.

Настанот се одржа под мотото: „Паметно управување: Насочено кон граѓаните, водено од ефикасноста“, а претставуваше одличен почеток на значајна размена на искуства и добри практики за унапредување на јавната администрација ширум Европа.

Претставниците од Министерството за јавна администрација имаа и свое излагање на настанот, каде ги споделија македонските искуства и достигнувања во примената на CAF моделот, како и тековните активности за подобрување на квалитетот во јавната администрација. 

Тие активно учествуваа и на сесиите посветени на иновации, управување со перформанси и вклучување на граѓаните во процесите на јавните политики.

Министерството за јавна администрација ја изразува својата благодарност до полското претседателство за поканата и за можноста за учество на овој важен европски настан.

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте